За Нас

Историјат

Извидничкиот одред  Kрсте Јон  од Струга е формиран во далечната  1961 год, најпрвин како  самостојна чета под името СТРУГА од група на студенти  лубители на природата и дружењето.Од самиот почеток на развивањето на извидничката организација  на  овие  простори се појавил голем интерес од лубителите на градот за развој на извидничката идеја.Тоа резултирало и со прераснувањето на самостална чета во Извиднички одред Крсте Јон во 1963 година. Со прераснување на самостојната чета во Одред, членството масовно почнува да расте од 40 на 250 извидници кои со своето учество на разни извиднички манифестации,акции,смотри допринесува во воспитувањето на младите луге на овие простори. Името одредот го носи во чест на погинатиот првоборец од НОБ од Струга Крсте Јоноски-Јон. 

За време од 60 години постоење на Извидничкиот Порчански Одред Крсте Јон, во спроведувањето на активноститеактивно зеле учество над 7000 извидници кои на одреден начин ги совладувале  сите задачи кои пред нив биле поставени. Голем дел од нашите членови сега се угледни и реномирани грагани на Р.Македонија.За време на работата во рамките на Сојузот на извидници на Југославија највисокото признание „ИЗВИДНИК ПАРТИЗАН“ го добиле 58 наши членови,а додека одредот два пати е прогласен за партизански одред.Исто така во својата историја 2 пати е носител на највисокото општинско признаније 8-мо ноемвриска  награда, а има добиено највисоко Републичко и Сојузно извидничко признание,сребрен и златен јаворов лист со зраци.

Денес Извидничкиот Поречански одред „Крсте Јон“  е самостојна, доброволна, непрофитна, неполитичка воспитна организација за деца и млади, отворена за сите без влијание на нивните верски, национални или расни убедувања.

Во Извидничкиот Поречански одред „Крсте Јон“ членуваат деца, млади и постари лица кои остварувајќи ја програмата на Извидничкиот Поречански одред „Крсте Јон“  и на Сојузот на Извидници на Македонија активно се вклучуваат во збиднувањата во средината во која живеат.    

Цел на Извидничкиот Поречански одред „Крсте Јон“   е да придонесе во развојот на младите луѓе, во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и членови на нивните локални и национални заедници, како и на меѓународната заедница.

Во последно време членовите на Извидничкиот Поречански одред „Крсте Јон“  особено активно се вклучени во полето на заштитата на животната средина и се едни од носителите на развојот на граѓанското општество во Општината Струга.

Krste Jon - image 001
Krste Jon - image 002

Извидништво

Дефиниција

Скаутското движење е дефинирано како: „доброволно, неполитичко, образовно движење за млади луѓе отворено за сите без оглед на потеклото, расата или верата, а во согласност со намената, принципите и методот создадени од страна на Основачот кои се долу наведени“.

Треба да се истакне на почетокот дека не е можно да се искажат сите аспекти на Скаутското движење во еден одвоен навод. Ова го покажува горенаведената фаза, која го истакнува фактот дека намената, принципите и методот кој го создал Роберт Баден-Пауел, основач на Скаутското движење, се составен дел на дефиницијата. Клучните зборови кои се користат во дефиницијата (зборови кои ги изразуваат главните карактеристики на движењето) ќе ги објасниме накратко. Под зборот ДВИЖЕЊЕ се подразбираат сите организирани активности насочени кон некоја цел. Така зборот „Движење“ подразбира и цел која треба да се достигне и некој вид организација која тоа го гарантира.

ИЗВИДНИЧКИОТ МЕТОД е начин е начин на остварување а целта и претставува систем на постепено, прогресивно самообразување низ следниве четири елементи:

  1. Почитување и живеење според Заветот и Законите на извидниците,
  2. Учење низ работата,
  3. Членство во мали групи, вклучувајќи, под водство на повозрасни, постепено, прогресивно откривање и прифаќање на одговорности.
  4. Прогресивни и стимулативни програмина различни активности кои во главно се одвиваат надвор од просторија, базирани на интересите на учесниците, вклучувајќи игри, корисни вештини и услуги на општествената заедница.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ на Сојузот се:

  1. Обврска кон духовниот развој.
    Прифаќање на духовните принципи, лојалност кон верата која ги изразува и прифаќање на обврските кои произлегуваат.
  2. Обврска кон другите.
    -Лојалност кон својата земја заедно со промоција на локалниот, националниот и меѓународниот мир, разбирање и соработка.
    -Учество во развојот на општетвото со признаање и почитување на дигнитетот на другиот и интегритетот на приоднит свет.
  3. Обврска кон себе.
    Одговорност за сопствениот развој.
Krste Jon - image 003
Krste Jon - image 004

Завет на Извидниците:

„Давам чесен збор,
– дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Р.Македонија
– дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење
– дека секогаш ќе им помагам на луѓето
– дека ќе живеам и работам по извидничките закони“

Законите за развигорците гласат:

  1. Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен
  2. Развигорецот ги почитува своите родители и постарите
  3. Развигорецот добро учи, вреден е и несебичен.

Законите на извидниците гласат:

  1. На извидникот му е чест да му веруваат
  2. Извидникот е корисен
  3. Извидникот е добар другар
  4. Извидникот е учтив
  5. Извидникот е оптимист
  6. Извидникот е верен и одговорен
  7. Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења
  8. Извидникот ја цени природата
  9. Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности
  10. Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата
Krste Jon - image 005
Krste Jon - image 006