
Се одржа првата работилница – активност во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“
Ве информираме дека вчера, на 26.12.2023 година, во Струга, се одржа првата работилница – активност во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“ кој го спроведува ИПО „Крсте Јон“ од Струга.
Учесниците на работилницата:
- Се запознаа со проектот, неговите цели и очекувани резултати;
- Се запознаа со резултатите од спроведената онлајн анкета;
- Се запознаа со моделот на мерните уреди Климерко – начинот на негово склопување и неговите перформанси;
- Беа дел од креирањето на мапата каде мерните уреди Климерко ќе бидат поставени.