
Втората работилница – активност во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“
Ве информираме дека на 03-04.02.2024 година, во Струга, ќе се одржи втората работилница – активност во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“ кој го спроведува ИПО „Крсте Јон“ од Струга.
Основна цел на оваа дводневна работилница е да бидат составени дваесет инструменти Климерко, кои ќе бидат поставени на претходно одбрани локации во Општина Струга.
На крајот на работилницата учесниците ќе бидат:
- Запознаени со моделот на мерните уреди Климерко – начинот на негово склопување и неговите перформанси;
- Оспособени самостојно да ги составуваат инструментите Климерко;
- Запознаени со начинот на конфигурација и поврзување во мрежа на инструментите Климерко;
- Запознаени со карактеристиките на локациите каде треба да се постават инструментите.